Вработени во ЈСП на протест пред Град Скопје, во прекин јавниот градски превоз

Членови на Синдикатот на вработените во ЈСП претплатнево се собраа пред просториите на град Скопје каде ќе го чекаат исходот од вонредната седница на Советот на град Скопје за исплата на субвенциите на ЈСП, од што зависи дали ќе се нормализира одвивањето на јавниот градски превоз, што е стопиран од 9 часот изутрината.
Јавниот градски превоз функционираше нормално од 4.30 до 09.00 часот, по што автобусите на ЈСП Скопје беа повлечени во базите, поради неисплатената плата за минатиот месец.
Пред бараките на град Скопје се околу 400 вработени, како што велат, во знак на револт и да вршат притисок врз советниците на Градот, кои треба да ја изгласаат одлуката.
Претседателот на Синдикатот на ЈСП Миќо Стојановски во изјава за медиумите информира дека сообраќањето на нивните автобуси, ќе зависи од одлуката на советниците на Град Скопје.
Тој рече дека нема да се согласат со нецелосна исплата на сумата. Нагласи дека доколку биде донесена одлука за исплата на целосната сума, тогаш автобусите на ЈСП ќе почнат да сообраќаат во попладневните и вечерните часови.
Стојановски соопшти дека и приватните автобуски превозници им се приклучиле и сообраќале до 9 часот, во знак на солидарност.
Ново на Сител
-

Пожар на депонијата „Краста“, екипите на „Чистота и Зеленило“ Куманово на терен
-

Нетанјаху нареди напади врз предградијата на Бејрут, Аун ја осудува „злобната израелска агресија“
-

Трамп по новите напади: Седнете и опуштете се, Иран сака да постигне договор
-

Македонската фудбалска репрезентација гостува кај Турција
-

ГРК Охрид го освои ЕХФ Европскиот куп
-

Македонските КикБоксери со 66 медали и шест признанија за најуспешни натпреварувачи на ВАКО КикБокс Балканското првенство
-

Цената на суровата нафта Брент се зголеми до 93,01 долари за барел
-

Сиљановска-Давкова: Парламентарната дипломатија е моќен демократски и мировен инструмент
