Вратница во црно, загина дете во несреќен случај
Седум годишно дете од тетовското село Вратница починало откако најверојатно врз него паднала метална врата од ограда, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Според досегашните првичните информации случајот во полиција бил пријавен од вработени во тетовската Клиничка болница каде во 19 часот и 45 минути било донесено безживотното тело на седумгодишното дете. Според информациите од болницата дежурниот лекар само ја констатиран смртаа на детето кое имало и обилно крварење од главата.
Првичните и неофицијални информации велат дека детето се здобило со повредите во главата додека заедно со уште едно девојче си играле на металната врата од ограда на нива во близина на продавница во Вратница. Во еден момент вратата од засега неутврдени причини се откачила и паднала врз дететео. Девојчето веднаш повикало двајца луѓе од продавницата кои ја подигнале вратата и го зеле детето што имало сериозни повреди на главата по што со возило се упатиле кон Тетово, но за жал тоа по пат починало.
- По овластување на јавен обвинител увид на местото до несреќаат ќе врши екипа на СВР Тетово чиишто службеници го обезбедуваат местото од каде треба да се подигнат тргаи за вештачење за целосно расчистување на случајот, рече Јосифовски.
Ново на Сител
-
Веста дека починал Илија Темелковски не е точна
-
Кривична за поранешниот директор на охридската Општа болница
-
На Санторини прогласена вонредна состојба
-
Неколку лица ограбиле, па запалиле деловен објект во Бутел
-
25-годишен маж по расправија со својот брат, си ја запалил куќата
-
Триесетдневен притвор за поранешниот директор на СОЗР, Пеце Мирчевски
-
МВР: Извршени претреси на 16 локации во Одделот за општи и заеднички работи
-
ZANO донира инхалатори за пациенти со муковицидоза