-->
-->
Време е за нов предизвик
-->

Како што се навестуваше,Благоја Милевски,селекторот на репрезентацијата до 21г со која се пласира на ЕП во Полска од јуни заминува од функцијата. Милевски денеска на прес конференција објави дека дуелите со Азербејџан на 24.и 27. мај во Баку ќе бидат негови последни на кормилото на нашите надежи.
Селекторот го соопшти и списокот за овие дуели кој го сочинуваат во најголем дел фудбалери од генерацијата 1998/99 која играше елитна фаза во квалификациите за ЕП.
„Селективниот камп во месец мај ќе го одработиме во Азербејџан со два пријателски меча. На списокот имаме три до четири откажувања поради повреда – Личина, Абаз, Елмас и Митровски. Но, се надевам дека ќе бидат спремни сите да се стават на располагање веќе наесен кога се играат две квалификациски средби со Србија и Ерменија. На списокот има играчи 1998/99 година, како еден почеток на создавање на нова генерација и тим кој ќе има право на настап во следните квалификации. Има и тоа како квалитет да се биде конкурентен во следните квалификации“, рече Милевски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-

Дваесетина пожари во земјава, пожарот на Китка се уште гори
-

Има сериозни индиции дека најголем број од пожарите се подметнати
-

Лани двајца со западно-нилска треска, годинава досега 50 потврдени и 5 починати
-

Кога “договорците” во здравството ќе добијат решенија за работа?
-

Почна втората фаза на изгрaдбата на автопатот Скопје – Блаце
-

Реакции за изградбата на дата центри во Македонија
-

Министерот Сали позитивно гледа на изјавата на еврокомесарката Кос за проширувањето
