-->
-->
Времето денес ќе биде променливо облачно и ветровито
-->
Времето денеска ќе биде променливо облачно со намалена облачност попладне и особено во јужните делови. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено долж Повардарието кој наместа ќе достигнува над 60 километри на час.
Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната од 5 до 13 степени.
Според прогнозата на УХМР, во Скопје ќе биде променливо облачно и ветровито со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде 3, а максималната ќе достигне до 12 степени.
До четврток ќе дува засилен северен ветер, повремено со над 60 километри на час. Утринските температури ќе бидат сè пониски, а најстудено ќе биде в петок наутро.
Нови врнежи се очекуваат во текот на викендот кога ќе дува јужен ветер.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Драматично спасување на заробен човек во длабока тиња и кал во реката Пчиња
-
Орбан неочекувано ја посети Кина
-
Детали од вчерашната сообраќајка во Охрид - Загина 23 годишен мотоциклист
-
Водата во Скопје безбедна за пиење
-
Пожар зафати објект во росоманско Крушевица
-
Франција пред политичка неизвесност откако ниту една политичка опција не доби апсолутно мнозинство
-
Еврото падна поради изборите во Франција
-
ДКСК ќе одржи седница