Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот најпрвин во западните и југозападните делови ќе има зголемување на облачноста со врнежи од дожд коишто локално ќе бидат проследени со ретки грмежи. Во текот на ноќта врнежите ќе се интензивираат и ќе се прошират насекаде. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер.
Утринската температура ќе се движи од девет до 16, а дневната од 21 до 28 степени.
Во Скопје преку денот времето ќе биде променливо облачно, а во вечерните часови со врнежи од дожд коишто во текот на ноќта ќе се интензивираат и ќе бидат пообилни проследени со ретки грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе се искачи до 25 степени.
И во четврток ќе се задржи претежно облачно време со пообилни врнежи од дожд. Во попладневните часови се очекува врнежите постепено да престануваат. Ќе биде и доста посвежо, со дневна температура од 15 до 22 степена.
Ново на Сител
-

Беровскиот компир скапува во подрумите, земјоделците најавуваат протести
-

Мис Стон добива спомен соба во Василево, а патеката по која се движела ќе привлекува туристи
-

Преглед на вестите од светот
-

Продолжуваат тензиите на Блискиот Исток: Каква е безбедносната закана за Македонија?
-

Започна судењето на 75 годишниот Денис Асанов, обвинет за свирепо убиство во Штип
-

Поттикнат од бугарски државјанин, скопјанец ширел омраза на ФБ кон македонската држава
-

Тема на денот со Горан Марковиќ, извршен директор на Македонски Телеком
-

Во Министерството за политички систем се земало плата, а не се одело на работа
