Времето денеска ќе биде сончево и многу топло

Времето во Република Македонија ќе биде сончево и многу топло за овој период од годината. Поради високите температури вдолж Повардарието ќе биде активиран жолт метеоаларм.
Утринската температура ќе се движи помеѓу шест и 14, а дневната од 28 до 36 степени.
Во Скопје, сончево и многу топло. Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе се искачи до 34 степени.
Во среда попладне ќе настапи значителна промена на временската состојба проследена со засилен ветер и опаѓање на температурата во северните делови. Во југоисточните делови се уште ќе биде активиран жолт метеоаларм за високи температури. Во четврток ќе преовладува променливо облачно и свежо време со повремени врнежи од дожд. Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно со ниски утрински и дневни температури. Засилен северен ветер ќе дува и во петок.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Моника Зајкова, лидер на ЛДП
-

Сиљановска: Оставете не да се европеизираме
-

Привршува подготовката на новикот Изборен законик
-

Конечно ќе почне изградбата на втората фаза од автопатот Скопје - Блаце
-

Осветен 20 метарски крст во Таринци - донација од три семејства
-

Пожарите го кренаа револтот во Штип
-

Велосипедистите бараат поврзување помеѓу Охрид и Струга
-

Преглед на вестите од светот
