Врховниот суд донесе пресуда за случајот „Монструм“ со која жалбите на обвинетите се одбиваат како неосновани

Врховниот суд на Република Северна Македонија ги одби како неосновани жалбите на обвинетите за случајот „Монструм“ и ја потврди во целост пресудата на Апелациониот суд Скопје од 31 март 2022 година.
- Постапувајќи во случајот познат во јавноста како „Монструм“, по одржаната јавна седница на ден 27.06.2023 година и по одржаното советување и гласање на ден 15.09.2023 година, Врховниот суд донесе пресуда ВКЖ2-33/22 со која жалбите на обвинетите А.Д., А.И. и А.И. ги одби како неосновани и пресудата на Апелациониот суд Скопје КОКЖ-109/21 од 31.03.2022 година, ја потврди во целост, информираат од Врховниот суд.
Апелација во септември 2022 година ги одби како неосновани жалбите на обвинети во случајот „Монструм“, и ги потврди казните на осудените, односно доживотниот затвор за Алил Демири и браќата Агим и Африм Исмаиловиќ. Со правосилната пресуда потврдена е и казната за Хаки Азири кој беше осуден на казна затвор од девет години, а Фејзи Азири на казна затвор од 15 години. Ослободителна пресуда доби единствено обвинетиот Сами Љута. Првостепената пресуда, второстепениот суд ја преиначи само по однос на засметувањето на мерката притвор што ја поминале обвинетите
Петкратното убиство се случи на 12 април 2012 година кај Смилковското Езеро, кога беа убиени Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски, како и рибарот Борче Стевковски.
„Монструм“ имаше две судења откако во 2017 година Врховниот суд го врати случајот на почеток кај Специјалното јавно обвинителство.
Ново на Сител
-

Уапсен маж од Осака - чувал крокодил без дозвола
-

МЕРМС: За само две години Министерството постави највисок стандард на отвореност
-

Жените сe 39,2 отсто застапени во Собранието, но само 15 отсто во Владата, утврди ДЗР
-

Фон дер Лајен в петок доаѓа во Скопје на средби со претседателката Сиљановска Давкова и премиерот Мицкоски
-

ОпенАИ се извини за упадот на веб-страниците на австралиската влада - сака „повторно да ја изгради довербата“ кај Австралијците
-

Денеска се одбележува Светскиот ден на срцето
-

Од 1 до 30 октомври 2026 продолжување на правото на студентска стипендија
-

Илјадници луѓе протестираа во Прага против владата на Бабиш
