Врнежите добредојдени за земјоделството
Врнежите што минатата недела ја зафатија Македонија се повеќе од добредојдени за земјоделството, велат агрометеоролозите.
За ниту една од културите влажниот бран не беше ризичен, ниту ќе предизвика некаков проблем зашто почвата е доволно сува и има капацитет да ги впие наврнатите количини.
- Имавме многу врнежи, но не интензивни, што е одлично за земјоделството зашто влага во почвата немаше. Нема да има проблем за ниту една култура. Минатата среда кога бевме на терен, тоа се покажа. Забарување (задржување вода на површината) немаше, но и да лежи вода на површината, почвата има капацитет да ја впие, изјави за МИА Ангелко Ангелески од УХМР.
Претходно, рече Ангелески, страдаа и овошките и виновата лоза, а сега се веќе обезбедени со влага особено во подлабоките почвени слоеви.
- Површинската влага е доволна за поникнување, но не и за презимување. Мора да се подигне нивото на подземните води, а во прилог на тоа оди и стабилното и суво време кое се најавува за неделава, истакна Ангелески.
Ново на Сител
-
ЦУК: Прв координативен состанок за справување со змии
-
ДЗР ги објави конечните ревизорски извештаи за СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и Алтернатива
-
Претрес во Тетово, приведен дилер
-
Штети во Свети Николе и Неготино поради невреме, четири пожари на отворено, известува ЦУК
-
Израел планира да ја користи сателитската интернет услуга Старлинк во случај на конфликт со Хезболах
-
Министерот Муцунски ја продолжува посетата на Брисел со средби со претставници на ЕУ
-
Промоција на нов електронски дневник за работа на училиштата
-
ХРТ: Се е подготвено за воведување задолжителен воен рок