Втор ден Европска недела на мобилност со интересни активности
Пешачка тура низ Зоолошката градина за основците, забавно-рекреативна манифестација „Движи се за здравје“ и трибина за чекорите што ги презема Град Скопје што придонесуваат за подобра мобилност, се само дел од активностите што се закажани за денеска, на вториот ден од Европската недела на мобилност 2019 во Скопје, соопшти Град Скопје.
Активностите на Европската недела на мобилност 2019 се организираат под мотото „Пешачи со нас“. Партнер на Град Скопје во реализацијата на овој проект е здружението на граѓани „Македонски зелен центар“, а во организирањето на многубројните активности ќе учествуваат и делегацијата на Европската Унија, Министерството за животна средина и просторно планирање, неколку скопски општини, средните училишта и центрите на култура на Град Скопје, ГИЗ, Црвен крст, МВР, ЈСП, Републички совет за безбедност во сообраќајот, Македонска велосипедска федерација, Цементарница „Титан“, како и повеќе здруженија на граѓани, меѓу кои Прв до врв, Екосвест, Екологик, Гоу грин, Смарт ап, Електромобилност и други.
Ново на Сител
-
Градежниците и портокаловата фаза
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-
Поплавени куќи, свлечишта, над 200 пријави за штети во Тетовско
-
22735 членови ќе гласаат за нов претседател на СДСМ
-
Истрага за смртта на бебето од Прилеп
-
Македонија со Влада, Мицкоски ја презеде премиерската функција
-
Муцунски во Луксембург: Европска агенда ослободена од билатерални прашања