Втор ден расправа за ребалансот на Буџетот
Собранието на Република Македонија денеска треба да ја продолжи расправата за ребалансот на Буџетот.

Министерот за финансии Драган Тевдпвски завчера пред пратениците ги образложи измените и дополнувањата на Буџетот на Република Македонија за 2017 година. Рече дека основната цел е намалување на непродуктивните трошоци и обезбедување простор за мерки кои ќе значат зајакнување на социјалната кохезија меѓу граѓаните и поддршка на домашните претпријатија.
Ребалансот се темели на проекција на раст на БДП од 2,2 отсто, буџетскиот дефицит е проектиран на 18,57 милијарди денари, вкупните приходи се ревидирани за 1,5 отсто надолу, односно за 2,87 милијарди денари, а социјалните придонеси согласно остварувањето се очекува до крајот на годината да имаат благ пораст во однос на иницијално буџетираните. Расходите, пак, наменети за стоки и услуги се скратени за околу две милијарди денари во однос на иницијалната проекција со Буџетот, додека договорните услуги се намалени за дури 902 милиона денара.
Капиталните расходи се ревидираат на 23,4 милијарди денари поради ниското ниво на реализација во првите шест месеци од годинава (8,7 милијарди денари). Извршено е намалување на средства кај капиталните проекти кои имаат забавена динамика на реализација на активностите во првата половина од годината.
Со ребалансот, патните трошоци на Владата и институциите се кратат за 122 милиона денари, а другите тековни расходи (репрезентации, економски промоции, рекламирања) за 257 милиони денари. Обезбедени се средства за субвенционирање на минималната плата која според проекциите треба да се зголеми на 12.000, за поддршка на малите и средните претпријатија, на домашни гринфилд инвестиции, на домашниот туризам, а има пари и за материјално обезбедување на стечајните работници.
Опозицијата го квалификува прекројувањето на државната каса неразвојно и непродуктивно.
- Ребалансот е лош за граѓаните, фирмите, странските инвеститори, пензионерите, младите,... и ќе го забави растот на економијата. Со него, економијата во најмала рака ќе стагнира. Нема да има зголемување на пензиите и социјалните надоместоци, а тоа мора да го знаат корисниците. Ќе има пари за вработување партиски кадри, 300 милиони денари се за оваа намена, за плати на твитерџии, комичари, шарени револуционери,..., истакнаа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ првиот ден од расправата.
Собраниската расправа за ребалансот на Буџетот може да трае пет дена.
Ново на Сител
-

Турција, Пакистан и Саудиска Арабија формираат воено-политички механизми во рамките на новиот одбранбен пакт
-

13 лица повикани на информативен разговор поради ширење на лажни информации за водата во Скопје
-

Евакуации по морски пат од плажата во Сивири поради големиот пожар | ВИДЕО
-

Предметот против против Груби и уште седуммина за „Државна лотарија“ почнува на 24 август
-

Пожар на првиот крак на Халкидики – пораки од бројот 112 за евакуација на Сивири и Фурка
-

Нов топлотен бран во Европа: Над 340 милиони луѓе под влијание на температури над 30 степени
-

Вложуваме во заедницата кога е најпотребно: Flex Credit донираше 10 тони вода за вработените, клиентите и жителите на Гостивар
-

ЦУК: Девет активни пожари на отворен простор до 13 часот, два се под контрола, а два изгаснати
