Втор ден собраниска комисиска расправа за Предлог-буџетот за 2023 година

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска треба да ја продолжи расправата за Предлог-буџетот за 2023 година. Комисијата ја почна дебатата завчера, а денеска е втор од предвидените 10 дена за расправа. 
Во Предлог-буџетот за следната година растот е проектиран на 2,9 отсто, а инфлацијата на 7,1 отсто.
Вкупните приходи се планирани на ниво од 282 милијарди денари и се повисоки за 14,8 проценти во однос на 2022 година, а расходите на ниво од 324,8 милијарди денари или се за 12,6 проценти повисоки во однос на 2022 година. Буџетскиот дефицит е на ниво од 4,6 проценти од планираниот БДП. За капитални расходи, пак, се планирани 48,9 милијарди денари или за околу 52,3 отсто повисоко во однос на планот за 2022 година.
Поднесени се 263 амандмани од сите политички партии од кои околу 200 се од ВМРО-ДПМНЕ, од каде оценија дека власта предложила неразвоен, нереален и инфлаторен буџет. Според Владата, пак, со Предлог буџетот се обезбедени пари за справување со последиците од енергетската криза и зголемената инфлација и редовно ќе се подмируваат сите обврски на државата, а ќе се поддржат реформите и евроинтегративните процеси на земјата.
Ново на Сител
-

Експерти: Mакедонија доби класични бирократски пораки со умерена реторика од Брисел
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

РKE размислува за повеќе евтина струја преку ден и за викенд, нов модел подготвува и за гасот
-

Секој жител во земјава годишно фрла по 86 килограми храна
-

Преглед на вестите од светот
-

Фон дер Лајен во Скопје со совет за деблокада на процесот со Бугарија
-

СДСМ смета дека се потврдиле стравувањата
-

Судот му одреди 30 дневен притвор на Дејан Јованов за новата истрага за поткуп
