Втора археолошка конференција „Неолитот во Македонија“

„Неолитот во Македонија II“ е насловена археолошката конференција која во организација на Центарот за истражување на предисторијата (ЦИП) ќе се одржи денеска во Археолошкиот музеј на Македонија.
Таа е втора конференција посветена на резултатите од истражувањата на неолитските локалитети и материјалната култура. Годинава на конференцијата ќе учествуваат повеќе археолози од Македонија и од странство кои ќе ги презентираат своите истражувања поврзани со рекогносцирањата на неолитските локалитети во скопскиот и во пелагонискиот регион.
Како што информира ЦИП, во неколку излагања акцент ќе биде ставен на врските меѓу неолитските локалитети во Македонија и Бугарија, особено на оние што комуницирале по долината на реката Струма.
Во рамки на конференцијата ќе биде промовиран зборникот „Неолитот во Македонија: нови перспективи и сознанија“ кој ги содржи рефератите презентирани на минатогодишната конференција.
Воведни предавања на конференцијата ќе имаат бугарските археолози Васил Николов и Крум Бачваров од Националниот институт за археологија при Бугарската академија на науките.
Ново на Сител
-

Најстудено и најмногу снег утрово на Попова Шапка
-

Ѓорѓиевски на ФБ: Со премиерот Мицкоски вчеравечер извршивме увид во градежните активности на булеварот „Македонија“
-

Трамп најави дека ќе испрати болнички брод во Гренланд
-

Осумдесет политички затвореници се ослободени во Венецуела, изјави претседателот на Парламентот
-

Прочка - празник за проштавање и покајание - како, кому и колку да простуваме
-

Снег на патниот правец Тетово-Гостивар-Маврово и на Попова Шапка
-

Променливо облачно со умерен до засилен северен ветер
-

Maкрон за најавата на Трамп за царини од 15 проценти: Ќе ги проучиме последиците, што може да се направи и ќе се прилагодиме
