Втора детска олимпијада во Кочани
Во присутво на голем број родители и деца во спортската сала на основното училиште „Никола Карев“ во Кочани денеска се одржа втората детска олимпијада на која учествуваа деца од 5 и 6 годишна возраст од петте клона на детската градинка „Павлина Велјанова“ од Кочани.
- Годинава по втор пат ја организиравме детската олимпијада во рамки на проектот за ран детски развој и „Спортуваме, се радуваме“. Учествуваа 160 деца од петте клона на нашата детска градинка од кои четири клона работат во Кочани и еден во населбата Оризари, изјави Лидија Серафимова, директор на детската градинка од Кочани.
На детската олимпијада акцент беше ставен на спортувањето, рекреацијата и дружењето на децата низ поголем број на спортски вештини. Во рамките на Програмата за ран детски развој во Кочанската детска градинка е воведен час по физичко воспитување и гимнастика кој станува се поинтересен и за децата и за нивните родители. Часовите ги одржува дипломиран професор по физичка култура, спорт и рекреација.
Ново на Сител
-
Сопартијците на Таравари одлучуваат за иднината во Вреди
-
Сопартијците на Таравари одлучуваат за иднината во коалицијата Вреди
-
Тема на денот со Сефер Селими, политички аналитичар
-
Не успеа обидот на ДУИ за надзорна расправа за Кочани
-
Тошковски за ДУИ, СДСМ и Левица – политички паразити на кои им пречи расчистување со криминалот
-
Шест закони под лупа на антикорупциска
-
Таравари: Ќе има одговорност ако се утврдат пропусти кај третманот на 57 годишниот пациент кој почина на Кардиохирургија
-
Финансиска полиција и ОЈО ја тресат ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Прилеп