-->
-->
Втора победа на младите македонски ракометари на СП во Алжир
-->

Јуниорската ракометна репрезентација на Македонија ја оствари и втората победа на Светското првенство за играчи до 21 година кое се одржува во Алжир.
Младите македонски ракометари беа доминантни во дуелот со ракометарите од Буркина Фасо па на крајот црвено-жолтите забележаа победа со 28 гола разлика 48-20 полувреме 23-8.
Најефикасен во македонската репрезентација беше Димитар Димитриоски со 8 гола, Дарио Петровски беше постигна 7, а по 6 гола придодадоа Иван Џонов и Давор Палевски.
Во другите два натпревари од 2.коло на Ц група кои беа одиграни претходно Бразил го победи Тунис со 36-29, а Шпанија славеше против Русија со 31-26.
По првите две кола, Македонија и Шпанија имаат максимален учинок и се на првите две места во групата со по четири бода.
Денеска на програмата се дуелите од 3.коло во кои Македонија ја противник ќе ја има селекцијата на Тунис во мечот кој ќе започне од 19 часот, а во останатите две средби ќе играат Бразил - Русија и Шпанија - Букина Фасо.
Потсетување дека првите четири места во групата носат пласман во осминафиналната рунда.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Нови сведоштва: Стојанче со години ја малтретираше Ивана
-

Одложено судењето за 13 полицајци за кочанската трагедија
-

Владата ќе анализира дали се оправдани најавите за зголемување на цената на лебот
-

Сеидбата на ориз под знак прашалник, производната цена вртоглаво расте
-

Климатските промени негативно влијаат врз земјоделските култури
-

159 деца повредени во сообраќајки, невниманието најчеста причина
-

Преглед на вестите од светот
