Второ авионско прскање против комарци во Кочани

Во градското подрачје на Кочани и поголем дел од низинските села што припаѓаат на територијата на општината, утре, од пет до 10 часот наутро, ќе се спроведе втората фаза од авионското прскање против комарци.
Третирањето ќе го спроведат стручни екипи од Заводот за јавно здравје.
- Опфатена ќе биде површина од 1.200 хекатри, а ќе се прска со еколошко средство, широкопојасен инсектицид за уништување комарци, одобрен од Бирото за лекови, истакна Гоце Серафимов, помлад соработник за заштита на животната средина во Општина Кочани.
Серафимов апелира граѓаните кои одгледуваат пчелни семејства, да ги заштитат во перидот на авионското прскање.
Пред ова второ авионско прскање против комарци годинава, во Општина Кочани успешно се спроведоа и две третирања од земја со кои беа опфатени по 300 хектари во градот и населените места.
До крајот на август ќе бидат спроведени уште едно авионско и две третирања од земја. Финансиките средства наменети за оваа активност Општината ги обезбеди од сопствениот буџет.
Ново на Сител
-

Утре Брвеница бира нов градоначалник
-

Македонската Народна банка ги следи ризиците откако српската „АЛТА банка“ остана без дозвола за работа
-

Три случаи на морбили во Македонија - опасност од ширење на локално ниво
-

Охрид една од најбараните локации за купување станови
-

Собирен центар за текстилен отпад во Штип
-

По 19 пат „Фестивал на костенот“ во М. Брод
-

Само 8% од ромките се вработени, економска зависност и насилство
-

Бугарија утре го бира новиот претседател - Јотова и Ѓуров во финалната трка
