Вучевиќ: Обвинение за трагедијата во Нови Сад во наредните недели

Српскиот премиер Милош Вучевиќ денеска изјави дека верува оти обвинителството е при крај со истрагата за уривањето на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад, кога загинаа 15 лица, а две се тешко повредени.
„Можеме да очекуваме обвинение во наредните недели. Како адвокат велам дека се одвива исклучително брзо, изненадувачки брзо, но обвинителот веројатно има доволно факти, информации, податоци и докази за да биде подготвен да поднесе обвинение“, рече Вучевиќ во изјава за белградски медиуми.
Тој додаде дека е „природно, нормално и задолжително да се утврди кој е виновен, одговорен“, пренесе Бета.
Вучевиќ денеска изјави дека се подготвува голема и обемна кампања за борба против корупцијата и криминалот, против оние кои ја злоупотребиле довербата на граѓаните за лично богатење и нагласи дека нема да има заштитени.
„Подготвуваме голема и обемна кампања за борба против корупцијата, криминалот и оние кои ја злоупотребија довербата на граѓаните за лично богатење. Тоа не значи дека тоа ќе биде лов на вештерки, законот ќе се почитува“, изјави Вучевиќ.
Вучевиќ и порача на опозицијата дека нема да има преодна влада и оцени дека, како што рече, во Србија се водат обиди за обоена револуција.
„Не е спорно дека треба да се смени владата, туку само на еден начин, а тоа е преку избори. Александар Вучиќ никому нема да даде мандат за привремена влада. Пратениците на Српската напредна партија никогаш нема да гласаат за таква влада, изјави Вучевиќ за ТВ Пинк.
Зборувајќи за протестите, тој рече дека „владата нема проблем некои студенти да организираат свои блокади, но би било фер да дозволи другите студенти да полагаат“.
Тој рече дека „основните и средните училишта мора да работат кога почнува вториот дел од учебната година. Конкретно, матурантите не смеат да се злоупотребуваат за утре да не можат да се запишат на факултетите, а времето не смее да се потроши“.
„Во август нема да има уписи на факултет. Внимавајте, ова е пред се порака за родителите на малолетните деца, но и вие матурантите кои сте полнолетни треба да се грижите.
Ново на Сител
-

Од понеделник променливо облачно и посвежо, пообилни врнежи во среда и четврток
-

Кавадарчанец физички го нападнал својот 74-годишен татко
-

Приведен кавадарчанец, физички ја нападнал својата поранешна сопруга
-

Мицкоски и Николоски ќе го означат почетокот на реконструкцијата на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид
-

Најстудено утрово на Попова Шапка, 6 степени во Гевгелија
-

Автомобил удри во група пешаци во Англија, има тешко повредени
-

Над 40 тони необележени јајца од Србија уништени на Дрисла
-

Пораз, но вредно искуство за Лука Кипровски
