Вучиќ: Хрватска има двојни стандарди за бегалската криза

Хрватска во решавањето на бегалската криза има двојни стандарди, изјави српскиот премиер Александар Вучиќ, барајќи од хрватските власти да се занимаваат со својата земја и Србија да не им биде глвана земја и главна цел во политичката кампања.
Вучиќ синоќа во интервју за хрватската телевизија Ер-Те-Ел изјави дека пет и пол месеци луѓето преку Србија одеа во Унгарија и дека за Хрватска тоа тогаш не било тема, нити пак барала еднаков пристап.
- Вие имате различни аршини. Еднаш ви се допаѓа, а друг пат не. Јас тука не можам да помогнам и тоа со Србија нема никаква врска. Само оставете не на мира. Ништо не бараме од вас, истакна српскиот премиер.
Вучиќ на прашањето што ќе направи за подобрување на вака нарушените односи, одговори дека Србија веќе сторила се.
- Ние направивме се, од истата секунда ги укинавме нашите мерки откако вие ги укинавте вашите. Нашата земаја е отворена за сите хрватски граѓани. Ние немаме никакви забелешки на вас, ние не зборуваме ништо против вас, не сме заинтересирани за вашата изборна кампања, нагласи тој.
Вучиќ повторно истакна дека Србија е подготвена за соработка со сите и дека е подготвена да соработува со Хрватска.
Ново на Сител
-

Хакиран мејлот на министерот за здравство на Грција – во негово име „нарачале“ 200 луксузни автомобили и 25 оружја
-

ЕУ воведува ограничување за токсинот цереулид во храната за бебиња
-

Со богослужби и свечена академија ќе бидат одбележани 130 години од храмот „Свети Димитриј“
-

Јаневска: Врсничкото насилство бара заедничка одговорност, родителите мора повеќе да се вклучат
-

Италија планира да ги казнува возачите кои возат пребавно во левата лента
-

Притвор и мерки за претпазливост за осомничените за перење пари и изнуда во Куманово
-

36-годишник уценувал девојка со интимни фотографии, барал пари и сексуални услуги
-

16-годишна прилепчанка пријавила дека била претепана од партнерот и неговиот татко
