Вучиќ и Путин телефонски разговараа за енергетиката, трговијата и Украина
Претседателот на Руската Федерација Владимир Путин честитајќи му ја изборната победа на неговиот српски колега Алексадар Вучиќ, разговараа за тешкотиите што ги има Србија за увоз на нафта, цената на гасот и за „операциите во Украина„, јави дописникот на МИА од Белград.
Според соопштението од кабинетот на Вучиќ, „двајцата претседатели ја анализираа економската состојба и билатералните односи во областа на енергетиката и трговијата, кои бележат раст во 2021 година и првите два месеци од 2022 година, што е добар знак за успешната соработка.
„Претседателот Вучиќ го информираше претседателот Путин за тешкотиите со кои се соочува Србија при увозот на сурова нафта и изрази уверување дека раководството на Гаспромњефт и Република Србија, како и партнерите од ЕУ, ќе најдат излез од таквата ситуација“, се наведува во соопштението.
Вучиќ и Путин изјавија дека долгорочниот договор за гас со Србија истекува на 31 мај годинава и дека е „потребно во најкраток рок да почнат разговори за цената, количините и другите услови за набавка на овој за Србија важен извор на енергија“.
„Претседателот Путин го информираше претседателот Вучиќ за настаните во Украина и причините со кои Русија се раководила во спроведувањето на, како што кажа претседателот Путин, операциите во Украина, а претседателот Вучиќ се повика на веќе добро познатите ставови на Србија и заклучоци на Советот за национална безбедност, кои се познати на претседателот Путин, изразувајќи надеж дека конфликтот во Украина ќе заврши што е можно поскоро“, се наведува во соопштението за медиуми од кабинетот на српскиот претседател.
Ново на Сител
-
Сакал да пренесе сопатник без документи преку граница - Уапсен маж на ГП Богородица
-
64 годишен скопјанец кој исчезна пред 10 дена пронајден мртов
-
Девизните резерви во октомври зголемени за 568,9 милиони евра
-
Кривична пријава против 66-годишник за демнење на началник во ОВР Неготино
-
Илиоски со златен медал на Европското кикбокс првенство во Атина
-
Кремљ: Путин е подготвен да разговара за Украина со Трамп, но не ги менува своите барања
-
Народна банка: Се очекува забавување на инфлацијата и во следните години
-
Гробница првпат отворена по 2500 години, презентирани вредните наоди откриени во охридско-струшкиот регион