Вучиќ: На провокациите од Приштина ќе реагираме „воздржано и смирено“
Српскиот претседател Александар Вучиќ по повод одлуките на Приштина и носењето на резолуцијата за геноцид на Србија на Косово, изјави денеска дека „на овие провокации Србија ќе реагира воздржано и смирено, за да не го загуби кредибилитетот во меѓународната заедница, но и ќе го заштити српскиот народ“.
Тој за РТС оцени дека со носењето на оваа Резолуција и изјавите на косовските власти, „маѓепсаниот круг на Кососо, не е затворен“.
По повод изјавата на Кадри Весели дека „Ниш е стар српски град кој некогаш бил населен од многу Албанци, кои биле протерани од Србите“, и дека „нашите стари граѓани на Приштина имаат дојдено од нишкиот регион, особено од околината на Куршумлија”, Вучиќ искоментира дека „би сакал да дојде во Ниш и Куршумлија, за да види како тоа изгледа и како тоа ќе му успее”.
Српскиот претседател исто така најави дека е „подготвен веднаш да говори пред Народното собрание на темата за Косово, особено во наредните неколку денови, доколку за тоа постои можност.“
Тој додаде дека Србија ќе реагира на одлуките на Приштина со донесување на некои општи акти во Собранието, како и со донесување на подзаконски акти во Владата.
Тој додаде дека е подготвен да ризикува многу нешта, но дека тоа е невозможно во услови кога „никој не сака да застане со вас”
Ново на Сител
-

„Марш на ангелите“ оваа сабота се одржа во Виница
-

Тема на денот со Дарко Аврамовски, Коалиција „Сите за правично судење“
-

Вонредна седница на Владата: Продолжени се мерките за цените на горивата
-

По повеќе од три децении започна пробивање и доизградба на булеварот „Борис Трајковски“
-

Миро Кацаров в.д. директор на Универзална сала, следната недела ќе биде распишан повик за ново раководство
-

Партиски препукувања за сторени злоупотреби и криминални шеми
-

ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителството не го видело извештајот на ДЗР?
-

Ракот на кожа не бира возраст - превенција и рано откривање порачуваат дерматолозите
