Вучиќ: Не им замерувам на студентите во блокадите, тие беа мали кога злото беше на власт
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска изјави дека нема што да им замери на студентите во блокадите бидејќи „тие имале само десет години кога злото беше на власт“, кое, според него, ја уништувало Србија.
„По стоти пат велам дека нема да има преодна влада, власта се добива на избори, со поддршка на народот.
Нема филозофија“, изјави Вучиќ за ТВ Пинк и додаде дека е бескрајно благодарен на студентите, кои сакаат да учат, за нивната „трпеливост“.
Спомнувајќи го пред се Прогласот, тој го повтори тврдењето дека тие се финансираат од странство. Вучиќ рече дека „организаторите на протестите веруваат дека е невозможно да се издржи ваков притисок“.
„Но, издржавме уште потешко за да ја спасиме Србија“, истакна тој.
Вучиќ особено го критикуваше судијата Миодраг Мајиќ, како и некои други јавни личности кои ги поддржаа студентите, наведувајќи дека „антисрпските сили“ сакаат промена на власта.
Ново на Сител
-
Приведен маж од Дебрца, возел со 1,53 промили алкохол во крвта
-
Мицкоски не очекува криза, очекува заканите од ДУИ да продолжат со несмален интензитет
-
Велешанец најден мртов во неговиот двор со траги од крв во пределот на главата
-
Мисајловски: Нема да има македонски војници во Украина
-
Манев: Таткото на Вања воопшто не е инволвиран во случајот!
-
Манев: Со солзи во очите ја закопав Вања откако Палевски со пиштол и перниче во раката и испука куршум
-
Приведен лихвар од Куманово
-
Две жени од Кавадарци и Неготино пријавиле физички напад и закана од сопрузите