Вучиќ: Никогаш нема да ме уплашат и да ме скршат
Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва изјави дека никој не може на сила да ја преземе власта во Србија, откако народот на избори кажал каква влада сака.
– Мене никогаш нема да ме уплашат и да ме скршат! И главата на трупец да ми е, нема да ме скршат!, рече Вучиќ и и порача на опозицијата дека можат или да победат на избори или да го убијат. – Јас сум оној кој го избира следниот мандатар. Реално, објективно можат да ме убијат. Но тогаш ќе требаат претседателски избори, бидејќи ќе нема кој да именува мандатар. Не гледам што можат друго да направат, изјави Вучиќ за ТВ Пинк од Париз, пред работната вечера со францускиот претседател Емануал Макрон.
Обраќајќи им се на „сите нормални луѓе, кои се против насилство и дивеење“, Вучиќ им порача да бидат воздржани, да не покажуваат нервоза и да не одат на собири за да не се заразат со коронавирус.
Тој уште еднаш оцени дека протестите во Белград немаат врска со мерките против коронавирусот, туку дека станува збор за желба некои да дојдат на власт без избори.
Ново на Сител
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари
-
Почна расправа за струјата
-
Од министерска во директорска фотелја – Фатмир Меџити е нов директор на Клиниката за неврологија
-
Клиниките во Скопје и Штип ќе ги лечиме на арбитража во Париз
-
На секоја втора фирма лани и било барано мито, сумите одат и до 100 илјади евра