Вучиќ: Постои расположение за вонредни избори, остануваат технички детали за датумот на одржувањето
Кај партиите на власта постои расположение за барањето на опозицијата за вонредни парламентарни избори на сите нивоа, остануваат технички детали кога би се одржале, изјави во обраќањето до јавноста српскиот претседател Александар Вучиќ, јави дописникот на МИА од Белград.
– Сакам да кажам дека разговарав со претставници на политичките партии на власт и гледам дека постои расположение да се исполнат барањата на поранешниот режим.
Остануваат да се видат технички детали во кој момент тоа треба да се изведе, кажа Вучиќ додавајќи дека за ова ќе се расправа по одржувањето на Бриселскиот дилајолог на 14 септември и седницата ГС на ООН од 19 до 26 септември.
– Најпрвин ќе одржам заеднички средби со претставниците на власта на кои ќе побарам од нив да ги земат предвид сите барања и закани на претставниците на поранешниот режим, по што во согласност со Уставот ќе донесам одлука, кажа Вучиќ.
Тој говореше и за состојбата на Косово, оценувајќи дека како се доближува Бриселскиот дијалог идната недела, се зголемуваат проблемите, како што е упадот во фабриката во Зубин Поток, продолжување на апсењата и нападите на Србите, блокадите за српски производи и провокациите за иселување на српските институции на северно Косово.
– Иселувањето на институциите веројатно ќе продолжи, но нашиот народ ќе гледа како да се спротивстави на мирен начин, кажа Вучиќ и посочи дека договорите што се потпишани не вклучуваат бази за сместување на полицијата на северот на Косово.
Тој додаде дека „молба и неговото барање до претставниците на ЕУ и САД, Кина и Русија е да се согледа на ситуацијата на Косово преку аргументи, а не преку тоа кој ја создал т. н.
независност на Косово, но да се види кој навистина продуцирал немири и конфликти и во чиј интерес е тоа, ако ни на кој начин не учествувал во тоа“.
Тој говорејќи за неговата дипломатска активност, тој најави дека „в понеделник во Скопје ќе има разговори во рамки на иницијативата Брдо – Бриони“.
Ново на Сител
-
Разрешен директорот на Агенцијата за разузнавање
-
Тема на денот со Јован Деспотовски, кандидат за претседател на СДСМ
-
Бајдевски засега останува во трката
-
Петровска се повлече од трката за претседател на СДСМ, обвинува за нефер изборен процес
-
Прва владина седница
-
Балансерот заминува во историјата, со ова се поткопува Охридскиот договор - Реагира ДУИ
-
По Главчев и Мицотакис се жалел во Брисел дека Македонија не ги исполнува обврските
-
Преполовен бројот на Македонци во Албанија, првпат потпишани и Бугари