Вучиќ: Потешко е да се набави вакцина, отколку нуклеарно оружје
Српскиот претседател Александар Вучиќ изрази загриженост поради снабдувањето со вакцини против Ковид-19.
Тој за ТВ Прва истакна дека разговарал со светските пријатели за набавка на нови количества вакцини.
– Денес е потешко да се набави вакцина, отколку нуклеарно оружје, изјави српскиот претседател.
Вучиќ очекува денеска да бидат вакцинирани 50.000 луѓе.
– Во светот сме деветти, но мислам дека можеме да бидеме дури и шести во следните три дена, нагласи Вуќиќ.
Според него, Србија водела паметна и одговорна политика по прашањето за пандемијата на коронавирусот, додавајќи дека „во спротивно ќе се загубеле илјадници животи“.
Вучиќ додаде дека Србија преку програмата КОВАКС добила нула вакцини, како и сите земји во регионот, бидејќи постои проблем во дистрибуцијата на вакцини во земјите од ЕУ токму преку таа програма.
– Добивме нула вакцини и веројатно ќе добиеме еден ден нешто. А без програмата КОВАКС набавивме 1.500.000 вакцини и ќе обезбедиме уште, нагласи српскиот претседател за ТВ Прва.
Ново на Сител
-
Предизвикал пожар додека го стартувал тракторот, зафатена и „алфа ромео“
-
Починат Хрват пронајден во скопски хотел
-
Маж пронајден починат на клупа во Аеродром
-
Владата ги објави платите на премиерот Мицкоски и министрите
-
Советот на ЕУ ги продолжи економските санкции против Русија
-
Протестираа вработените во кумановската градинка поради неисплатена јунска плата
-
За влез и за излез во државата од Табановце и Богородица се чека еден час, во функција сите ленти на граничните премини
-
Пандов: Јанева има право пак да побара да работи надвор од затворот, нека побара