Вучиќ повторно кандидат за претседател на Србија
Кандидат на Српската напредна странка (СНС) на престојните претседателски избори во Србија. закажани за 3 април, ќе биде лидерот на партијата, Александар Вучиќ, што тој денес и го прифати на седница на претседателството на СНС, јави диописникот на МИА од Белград.
-СНС донесе одлука да го кандидра Александар Вучиќ за претседател на Србија на изборите на 3 април, соопшти премиерката Ана Брнабиќ, после седница на Претседателството на СНС.
Брнабиќ кажа дека Вучиќ е кандидат и на коалицијата „Александар Вучиќ, заедно можеме се“.
Кандидатурата на Вучиќ ја подржаа и Социјалистичката партија на Србија (СПС) на Ивица Дачиќ, Единствена Србија и Сојузот на војводинските Унгарци (СВМ).
-Како и да свртите изборите нема да бидат лесни, особено во вака тешки времиња. Затоа ни е драго што наш кандидат е Вучиќ, порача Брнабиќ.
Таа најави дека кампањата ќе почне на 7 март во Лесковац и дека ќе биде фокусирана на „визијата на Србија во следните пет години“.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Весна Пусиќ, поранешна министерка за надворешни работи на Хрватска
-

Во Скопје протест за поддршка на командантите од УЧК
-

Партиски препукувања за темата со мигрантите
-

СДСМ: Партиски кујни на ВМРО-ДПМНЕ за лажни вести
-

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со напади кон Спасовски
-

Франција ја блокира Црна Гора на патот кон ЕУ
-

Може ли да се укине ветото како механизам?
-

За една година згаснале околу 5.400 фирми, објави Централниот регистар
