Вучиќ: Србија ќе ги третира санкции против раководството на РС како да не постојат

Србија смета дека санкциите против раководството на Република Српска се несоодветни и ќе ги третира санкционираните лица како да не постојат санкции, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ по серијата средби меѓу раководството на Србија и Република Српска во Бања Лука, јави дописникот на МИА од Белград.
Зборувајќи за санкциите против раководството на Република Српска, Вучиќ рече дека РС смета дека политиката на санкции секогаш дава погрешни ефекти и дека и самите биле изложени на санкции речиси една деценија.
– Сметаме дека санкциите против раководството на РС се несоодветни и незаслужени, и соодветно на тоа, без разлика што сме мала земја, мал народ бројчено, особено во споредба со толку голема и моќна сила како што се САД, Република Србија ќе се однесува кон санкционираните лица како да ги нема санкциите, рече Вучиќ.
Тој додаде дека „за нас тоа е единствената можна одлука, праведна и чесна“ и дека Република Србија поради таквата одлука ќе трпи индиректни последици.
Вучиќ посочи дека неговата изјава дека нема да прави блокади на Дрина и дека сите лица под санкции се добредојдени и дека ќе продолжи да соработува со нив, во Хрватска ја коментираат како закана.
– Убедени сме дека овие санкции нема да донесат никому добро и само ќе ѝ наштетат на нашата доверба и односи со таквите големи сили кои носат такви мерки исклучиво против припадниците на српскиот народ, рече Вучиќ.
Република Србија целосно ги почитува Повелбата на ОН, принципите на меѓународното право и сите норми од Дејтонскиот договор, рече Вучиќ на прес-конференција во Бања Лука.
Србија го почитува територијалниот интегритет на БиХ и двата ентитета, како и секој договор на трите народи, рече Вучиќ.
– Очекуваме Босна и Херцеговина да го почитува територијалниот интегритет на Србија на ист начин, што не беше случај за време на гласањето во Советот на Европа, рече српскиот претседател.
Ново на Сител
-

Од утре дожд и невреме, од вторник пристигнува и заладување
-

Сообраќајната полиција доби 33 нови „Piaggio Beverly 310“ вредни над 270.000 евра
-

Ѓорѓиевски: Ново поглавје во јавната хигиена - специјализираните возила на ЈП „Комунална хигиена“ излегуваат на терен | ВИДЕО
-

Од бостан, пиперки и лозје заработивме 350.000 евра, продававме и во Горни Милановац – сведочеше мајката на судијата Ѓоко Ристов
-

Мајка на три сина сакала девојче, останала бремена со тројка – сите три бебиња се од машки пол
-

Муцунски во Софија за Коридорот 8 и нова шанса за деблокада на европскиот пат
-

43 години копале со раце: Извадиле речиси три тони дијаманти, а зад себе оставиле кратер длабок над 200 метри
-

МВР го пронајде и казни возачот кој блокираше сообраќај во центарот на Скопје
