Вучиќ: Србија не воведува санкции кон Русија
Белград е дефинирана со заклучокот на Советот за национална безбедност, истакна претседателот на Србија Александар Вучиќ во изјава за медиумите по церемонијата за отворањето на новиот интерконектор меѓу Бугарија и Грција во Софија, јави дописиникот на МИА од Белград.
Вучиќ додаде дека Србија ќе биде под уште поголем притисок по новите случувања на геополитичката сцена и посочи дека до сега Србија секогаш и во најмала криза го извлекувала подебелиот крај и дека сега во најголемата криза треба да се обиде да се спаси.
Тој на констатацијата дека Украина бара што поскоро прием во НАТО, дека Русија ги анектирала украинските територии и на прашањето какви последици ова ќе има за Белград, оцени дека тие на Србија ќе и бидат тешки.
Тој посочи дека во Србија постои навивачки дискурс во кој 80 отсто од луѓето навиваат за руската страна, а 20 отсто се за украинската страна, а има и 10 отсто од оние кои гледаат како Србија треба да се однесува за да опстане.
Оние кои навиваат ќе ви кажат дека ги штитат српските интереси, но само ако се грижите за Србија, а не за некој друг, ги штитите интересите на Србија – нагласи тој.
Вучиќ додаде дека некои рекле дека Европскиот парламент ќе донесе одлука за прекин на преговорите со Србија поради санкциите, некои дека нема да има напредок и додаде дека ако тоа не е притисок, тогаш тој не знае што е.
Останува уште некој да ни ја стави главата на трупецот, па да кажат сега ќе земеме и секира – иронично забележа Вучиќ.
Вучиќ одгaварајќи на новинарски прашања, му порача на германскиот пратеник за Западен Балкан, Мануел Сарацин дека „нема да има независно Косово“ онака како што планира Берлин.
Претходно, германскиот дипломат изјави дека во врска со формирањето на Заедницата на српските општини (ЗСО) на Косово, нема да се дозволи создавање на „нова Република Српска“.
Не знаев дека за тоа одлучуваат Германците, добро е што господинот Сарацин јавно го кажа тоа. Можам да му кажам, а многу го ценам, да нема ни да има независно Косово како што планирате – рече Вучиќ.
Ново на Сител
-

Пријави за поставени бомби во повеќе белградски училишта и два други града во Србија
-

Спасено мече во Велешко: Се фатило во нелегално поставена сајла, по интервенцијата пуштено во природа
-

МВР во врвот на најтранспарентните министерства: 75,90% исполнетост на индикаторите во Индексот на отвореност 2026
-

Андоновски од Сеул: Пристапот до вештачката интелигенција ќе го дефинира напредокот на поединецот и општеството
-

Возел мотор на едно тркало низ Штип: Полицијата го пронајде 16-годишникот по видео на социјалните мрежи
-

По 23 години пронајден легендарниот автомобил на Пол Вокер од „Брзи и бесни“ – бил скриен во гаража во Њујорк
-

Над 50 хектари зафатени од пожар во Дебрца, спречено ширење кон посеви со пченка и фотонапонска централа
-

Приведени двајца српски државјани, возеле со брзина од 169км/ч и 175км/ч на место каде дозволената брзина е 80км/ч
