Вучиќ во видео порака на Инстаграм: Не успеавте лани да ме соборите од власт, јас не сум Слободан Милошевиќ

Српскиот претседател Александар Вучиќ, во видео објава на Инстаграм испрати порака до потенцијален агресор против Србија во која нагласи: „Слободата е најважната работа за еден Србин“.
„Направивте се минатата година да ме соборите од власт, со многу други надворешни фактори, инвестирани милијарди евра, не успеавте. Јас не сум ви Слободан Милошевиќ, не сум ниту наивен, ниту глупав да ви верувам“, рече Вучиќ.
Тој вели дека ќе го одржи мирот, но „ќе бидеме подготвени да дадеме соодветен одговор на секој потенцијален агресор“.
„Толку силни што никогаш повеќе нема да им падне на ум да го допрат српскиот народ“, заклучи Вучиќ.
Тој синоќа изјави дека се надева дека нема да биде премиер на Србија по следните парламентарни избори, но не ја исклучи таа можност, наведувајќи дека се зависи од тоа што ќе покажат анкетите на јавното мислење.
-Таа можност постои, во случај анкетите на јавното мислење да покажат дека Србија би тргнала во погрешна насока доколку јас не би бил тој кандидат – изјави Вучиќ за локални медиуми.
Со оглед на тоа што вториот претседателски мандат на Вучиќ завршува и дека тој повеќе нема право повторно да се кандидира за таа функција, тој практично ги потврди шпекулациите дека ќе има обид за борба да биде шеф на владата, јавија белградски медиуми.
МИА
Ново на Сител
-

Саудиски министер за надворешни работи: Го задржуваме правото да преземеме воена акција против Иран
-

Аксиос: САД размислуваат за заземање на иранскиот остров Харг за да го принудат Техеран повторно да ја отвори Ормуската Теснина
-

Туск: Орбан е решен да продолжи да ја блокира помошта за Украина
-

Захарова: Нападот врз иранското пристаниште Бандар-е Анзали ги погоди економските интереси на Русија
-

16-годишник со пиштол се заканувал на свој врсник по расправија за девојка
-

Четири мотоцикли изгореле во пожар во Прилеп
-

Велосипедист повреден во сообраќајна незгода на излез од бензиска
-

Честитка од претседателот на Собранието Гаши по повод Рамазан Бајрам
