Вучиќ за Изетбеговиќ : Ако кажев дека треба да се признае Република Српска, ќе завршев во Хаг

Некои мислат дека Србија не е доволно прегазена и понижена и дека само прегазена и понижена е добра, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ во врска со ставот на Бекир Изетбеговиќ за признавање на Косово. Тој оцени дека таа изјава ќе има далекусежни политички и правни последици.
-Тоа интервју комплицира многу работи во овој регион, рече Вучиќ, а за релативизирањето на тежината на изјавата на Изетбеговиќ, возврати дека, ако тој кажел дека треба да се признае независноста на Република Српска, ќе завршел во Хаг.
Тој смета дека „ова интервју сменило многу" и најави дека „српскиот одговор ќе следи за неколку дена".
На прашањето дали некој од меѓународната заедница стои зад ставот на Изетбеговиќ, Вучиќ рече дека не знае, но дека може да гарантира дека меѓународната заедница нема да има разбирање за српската мака и тага.
Реакцијата на Вучиќ уследи отака бошњачкиот член на босанското Претседателство, Бакир Изетбеговиќ во интервју за Дојче Веле изјави дека не е задоволен од положбата на Бошњаците во српската област Санџак и оти се надева дека Босна и Херцеговина ќе ја признае независноста на Косово, што според него, требало да се направи одамна.
Ново на Сител
-

Макрон: Франција нема да учествува во воени операции во Ормуската теснина
-

„Кир не е Винстон Черчил“: Трамп разочаран од британската воена поддршка против Иран
-

Зеленски ја прифати помошта од ЕУ за нафтоводот „Дружба“
-

Шојгу предупредува: Поради украинските дронови, ниеден дел од Русија веќе не е безбеден
-

Утре не очекува променливо облачно и посвежо време
-

Вчера четири лица лишени од слобода за семејно насилство во Скопје, Тетово, Кичево и Куманово
-

Сиљановска-Давкова на средба со претставници на Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија
-

Кривична пријава против три физички и едно правно лице од велешко за сторени повеќе кривични дела во врска со кражба на дрва
