-->
-->
Вучиќ за оставката: Да, ако има потреба на државата да и се купи време, но тоа не е овој момент
-->
Претседателот на Србија Александар Вучиќ, вечерва, по повод најавата за можноста да поднесе оставка од таа функција, изјави дека неговиот мандат како шеф на државата секако му е последен и дека тој знае која е неговата должност.
– Ако има потреба да се зачува државата на кој било начин и да се купи некое време, не би се двоумел, не сега не е тој момент. Но немам проблем со тоа, иако некои не веруваат и велат дека на Вучиќ моќта му е сè“, рече српскиот претседател и додаде дека е „војник на државата“.
Како што изјави, не верува дека која било личност е „премногу важна за една земја“.
Вучиќ додаде дека повеќе го загрижува ширењето на војната од Русија и Украина на други територии и дека во сè потешка ситуација, барањата што се поставуваат кон Србија само ќе станат посилни и појаки.
Тој повтори дека ЕУ е најголемиот инвеститор во Србија и најголемиот донатор.
– Со Европската Унија ќе добиеме грант од 600 милиони за пругата Белград-Ниш, која за два часа ќе не носи од Белград до Ниш, рече Вучиќ.
Тој додаде дека побарал поддршка и помош и од ЕУ, но нагласи дека „за тоа ќе видиме“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка
-
Благодатниот оган се спушти во храмот над Светиот гроб во Ерусалим
-
Серафимов: Цената на месото не е зголемена за Велигден
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал