Вучиќ за Ројтерс: Бараме ослободување на Србите и начин за смирување на тензиите
Српскиот претседател Александар Вучиќ во интервју за британската агенција Ројтерс изјави дека Белград бара ослободување на сите уапсени Срби и начин за смирување на тензиите во северно Косово, јави дописникот на МИА од Белград.
Во интервјуто, кое го даде по седницата на Советот за национална безбедност, Вучиќ повтори дека Србите на Косово не смеат да учествуваат во насилството врз припадниците на силите на КФОР и ЕУЛЕКС.
-Никој, под никакви околности, не треба да учествува во нападите врз Еулекс и Кфор, рече Вучиќ.
На прашањето дали Белград ќе се обиде да најде начин да ја деескалира ситуацијата на северот на Косово, тој кратко одговори „апсолутно“.
Агенцијата наведува дека Вучиќ ги обвини властите во Приштина и премиерот на Косово, Албин Курти, дека поттикнуваат тензии со „безброј еднострани потези“.
-Секогаш кога некој мисли дека сме решиле нешто, се појавува друг проблем, истакна Вучиќ.
Претседателот на Србија побара ослободување на неодамна уапсените Срби на северот на Косово бидејќи, како што нагласи, „тие се држат под лажни обвиненија“ и повлекување на косовската полиција од северот на Косово, во согласност со Бриселскиот договор.
-Косовската полиција нема што да прави на север… Особено луѓе вооружени до заби. Тоа предизвикува непријатност и страв кај српското население, рече Вучиќ.
Британската агенција тврди дека Вучиќ одбил да прецизира кои чекори ги усвоил Советот за национална безбедност на седницата.
Ново на Сител
-
Бајден ја осуди одлуката на Мета да ја прекине програмата за проверка на факти
-
Данската влада размислува да го зголеми своето воено присуство на Гренланд
-
Јапонската полиција уапси студентка поради напад со чекан на универзитет во Токио
-
Фатен бегалец од затвор осуден на казна од 23 години
-
Црните кутии на авионот на „Џеџу Ер“ не содржат податоци за последните четири минути од летот
-
Македонија го победи Сесвете во пријателски натпревар пред СП
-
Уште една синагога во Сиднеј прошарана со антисемитски и нацистички симболи
-
Иранската војска покажа подземен ракетен град од каде го напаѓа Израел