-->
-->
Вуцис: Договорот треба да биде изгласан од 151 пратеник
-->

-Договорот од Преспа, иако Уставот не го налага тоа, треба да биде изгласан од 151 пратеник за да има силна моќ, како во внатрешноста на земјата, така и во меѓународните организации, им рекол Вуцис на новинарите.
Додека, пак, во однос на сценариото да не добие 151 пратеник, претседателот на грчкиот Парламент објаснил дека тогаш „ќе постои прашање на ограничена одговорност во однос на толкувањето, но никој во меѓународните организации нема да постави прашање дека не е валиден“.
-Добро е за земјата и за парламентот да постои јасно мнозинство и мислам дека ќе постои, бидејќи е силен историски договор, коментирал Вуцис.
Прашан за тоа дали договорот оваа седмица ќе дојде на расправа во парламентот, Вуцис рекол дека не е запознаен со такво нешто и истакнал дека расправата ќе се одржи без брзање.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
СДСМ утре избира претседател - зошто Филипче нема ниту еден противкандидат?
-
Нема алтернатива за ЕУ
-
Над 160 веб страници за нелегално онлајн обложување ќе бидат затворени
-
Какви цени нуди Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Aсмир Јахоски во Шутка - Судот ја прифати жалбата на обвинителството
-
Вучиќ: Ќе го уапсиме секој кој ќе предизвика нереди
-
Тема на денот со Љуљазим Фаризи, аналитичар