Вуди Харелсон и Метју Мекконахи можеби се браќа, веројатно ќе прават и ДНК-тест

Вуди Харелсон потврди дека тој и неговиот близок пријател Метју Мекконахи најверојатно ќе направат ДНК-тест за да дознаат дали се браќа, после еден чуден збор на мајката на Метју.
Имено, американските глумци, кои и онака имаат прилично впечатлива сличност, и покрај тоа што не се роднински поврзани (колку што знаат досега), зборувале за правење ДНК-тест и претходно. Немирот го објасни Мекконахи, раскажувајќи претходно во една емисија, дека неговата мајка Мари Катлин го познавала татко му на Харелсон - во минатото, пишува „ЛАД бајбл“ (LADBible).
-Во Грција пред неколку години, седиме ние заедно и зборуваме за тоа колку сме блиски со нашите семејства. И, мајка ми беше таму. И рече: „Вуди, го знаев татко ти“. Сите во тој миг беа свесни за „балоните во воздухот“ што мајка ми ги остави со (зборот) „знаев“, појасни Меконахи.
Токму тој граматички „лапсус“ (глаголот е во минато свршено време), им станал товар на двајцата другари кои глумеа заедно во неколку заеднички проекти. И Харелсон во „Емисијата на Џони Вон“, ја повтори таа случка од грчката плажа.
-Мајката на Метју - тој ја викаше „мама-Мек“, беше, просто, неверојатна дама, но и многу лукава. Никогаш со неа не знаеш што е вистина, а што не е... Па, да, звучи како „нешто да се случило“... А, работата е во тоа што мајката и татко му на Метју се разведуваа... И беа во брак три пати... Па, за време на една од тие разделби, Чарлс Харелсон (таткото на Вуди), се чини, нашол „мала наклонетост“ кај неа, вели Вуди.
Сознанието дека се полубраќа, велат, би им го променило животот и на двајцата, особено на Метју, кој би добил „нов“ татко.
-Па, сѐ уште не сме го направиле тој ДНК-тест, но веројатно ќе го направиме. Мислам дека постои реална можност, нагласи Вуди.
Последниот заеднички проект во којшто учествуваа, беше повторување сцена од легендарната прва сезона од ТВ-серијата „Вистински детектив“ (True Detective) од 2014 година - овојпат како реклама. Во неа, глумат и холивудските ѕвезди Денис Квејд, Били Боб Торнтон и Рене Зелвегер.
Следниот проект на Харелсон и Мекконахи каде што глумат заедно, е хумористичната серија „Браќа“ (Brothers) на „Епл ТВ“, којашто сѐ уште е во претпродукција.
Ново на Сител
-

Премиерот Мицкоски во Теарце
-

ВМРО-ДПМНЕ: Во ЕУ не се оди со селективна борба против корупција
-

Јаневска: Да го вратиме достоинството на наставникот
-

Преглед на вестите од светот
-

Teма на денот со Стојанче Ангелов
-

Експертите сугерираат: Да не се кратат капиталните расходи, да се зголеми наплатата на приходи
-

Проф. Атанасовски: Тоа не се коски на цар Самуил, па глупост е дека тој се враќа во Бугарија, кога таму никогаш и не бил
-

МПЦ слави празник на сите македонски светители и 40 години јубилеј од Архиерејската служба на поглаварот г.г Стефан
