Вујановиќ ќе распише избори во Црна Гора до крајот на неделава
Црногорскиот претседател Филип Вујановиќ ќе ги распише парламентарните избори до крајот на неделава, веројатно пред Денот на независноста, а истиот ден ќе се одржат и локални избори во Будва, Котор и Гусиње.
Според црногорските медиуми, Вујановиќ во текот на изминатиот викенд чекал согласност од опозицијата или барем од „тројката“ која партиципира во Владата, околу датумот за избори.
Претседателот на Социјалдемократската партија (СДП), Ранко Кривокапиќ во текот на парламентарна расправа веќе го спомна 16 октомври како датум за одржување на избори.
Инаку, логиката на цела политичка ситуација е дека на опозицијата и е потребно многу повеќе време за организирање и подготовка на кампања. Поради тоа е сосема извесно дека никој нема да прави проблем поради непочитување на ставката од Политичкиот договор, според која, изборите треба да се одржат на 9 октомври.
Со закон е пропишано дека од распишувањето до одржувањето на изборите не можат да поминат помалку од 60, ниту повеќе од 100 дена.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Епископ Делчевско-каменички Марко
-
Православните христијани денеска го празнуваат Божиќ
-
Честитки од политичарите за Божиќ
-
Сиљановска и Мицкоски на иста линија - Законот за заштита на децата ќе се усогласи со Уставот
-
Мицкоски: Добро е да има стабилна влада во Бугарија
-
Македонија меѓу 5-те најброзрастечки економии во Европа
-
Отровен Божиќ за скопјани - Прв загаден град во Европа, трет во светот
-
Божиќен ручек во Прилеп по 19-ти пат