Wizz Air ги суспендираше северно италијанските рути поради корона вирусот
Wizz Air, Најзелената авиокомпанија во Европа и најголемиот ниско-буџетен превозник во Централна и Источна Европа, денеска објави дека рутите за Милано (MXP), Тревизо (TSF) и Бергамо (BGY) ќе бидат суспендирани, поради затворањето на северниот дел на Италија, со цел да го спречи ширењето на Корона вирусот.
Летовите од Скопје и Охрид кон горенаведените италијански градови ќе бидат прекинати до 3 април.
Патниците кои имаат направено резервација во овој период ќе бидат автоматски известени и ќе бидат сместени на алтернативни рути во најрано можно време. Сите оние кои имаат букирано директно на wizzair.com или на мобилната апликација на авиокомпанијата ќе добијат известување на нивната електорнска пошта, каде ќе им биде понудена бесплатна повторна резервација, целосен повраток на нивните средства или 120% повраток на цената во кредити.
Патниците можат да одберат помеѓу горенаведените опции со кликнување на линкот на нивната електронска пошта и лесно да ја одберат најдобрата опција преку нашата платформа за само-користење.
Ве молиме имајте во предвид дека авиокомпанијата може да ги информира само патниците кои нивната резервација ја направиле преку wizzair.com или на мобилната апликација на авиокомпанијата.
Патниците кои имаат резервирано преку туристички агенции - вклучувајќи ги онлајн туристичките агенции – треба да стапат во контакт со компанијата преку која ги купиле нивните билети. РУТИ SKP – MXP SKP – TSF OHD – MXP
Ново на Сител
-
Обвинители на 22 американски држави ја тужат администрацијата на Трамп поради кратење на научното финансирање
-
Средба на Сиљановска - Давкова со директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи
-
Андоновски: Ќе се ревидира упатството за постапување на училиштата при хибридни закани
-
Во сообраќајка кај Струга повредени четири лица, од кои тројца се полицајци
-
По апсењето на градоначалникот на Тирана, опозицијата бара оставка на Рама
-
Владата на Србија тврди дека ги исполнила сите барања на студентите
-
За градоначалникот на Тирана, затворски, за сопругата, која е надвор од земјата, куќен притвор
-
Трамп: Палестинците ќе добијат нови домови, но не во Газа