За 15,7 проценти повеќе патници на аеродромите во Скопје и Охрид
Од аеродромите „Александар Велики“ во Скопје и „Св. Апостол Павле“ во Охрид во периодот јануари - ноември годинава се превезени 1.661.010 патници, што претставува зголемување за 15,7 проценти во однос на истиот период лани.
Тоа, соопшти денеска Министерството за транспорт и врски, е рекорден број на превезени патници што поминале на двата аеродрома во Македонија.
На скопскиот аеродорм во периодот јануари – ноември годинава се регистрирани 1.524.985 патници или за 13,9 проценти повеќе во споредба со истиот период од минатата година кога биле превезени 1.338.470 патници.
Преку охридскиот аеродром, пак, во периодот јануари - јуни годинава се превезени 136.025 патници, или за 40,8 проценти во однос на истиот период од 2015 година кога биле превезени 96.585 патници.
Најзастапени дестинации според бројот на патници за периодот јануари – ноември се: Истанбул 12,7 проценти, Цирих 10,1 процент, Виена 6,3 проценти, Базел 4,9 проценти, Малме 4,8 проценти и Лондон со 4,3 проценти.
- Рекордниот број превезени патници, како и бројот на компании кои оперираат со нови дестинации е резултат на проектот на Владата за финансиска поддршка за поттикнување и развој на воздушниот сообраќај, се вели во соопштението од Министерството за транспорт и врски.
Ново на Сител
-
Приведени 343 лица на протестите во Турција
-
Пронајдена тревкаста материја и приведени три лица
-
Од утре дожд, грмежи и силен ветер
-
Пуштале музика во денови на жалост - Приведени две одговорни лица во угостителски објекти
-
Муцунски: Идната недела ќе почне враќањето на првите пациенти што се лекуваат во странство
-
Ѓоковиќ се изедначи со Рафаел Надал по бројот на победи на ниво на АТП 1000
-
Лишени од слобода две лица поради предизвикување пожари во Прилеп и Ресен
-
Почина Џорџ Форман