За 78 години брак никогаш на сопругата не и рекол „Те сакам“

Мори и Бети Маркоф, кои имаат по 100 години и се во брак веќе 78 години, велат дека освен толеранцијата, почитувањето и среќата, не постои никаква посебна тајна на нивниот долг брак.
Сепак, Мори признава декана Бети никогаш не и рекол: „Те сакам“.
- Немојте да дозволите приговарањата да се претворат во лутење. Треба толеранција, почитување и љубов. Мори никогаш не го користи зборот љубов. Но, однесувањето говори се, изјави Бети за „Обзервер“.
Мори објаснува зошто никогаш на неговата сопруга не и рекол дека ја сака.
- Љубовта е посесивна и подразбира контролирњае. Наместо тоа би го користел зборот „грижа“, која за мене има многу подлабоко значење. Покажи дека ти се грижиш, објаснува Мори.
Тој додава дека луѓето ги користат зборовите „љубов“ и „сакам“ многу често, поради што тие го загубиле нивноот изворно значење. сп/
- Сакам да играм тенис. А Бети константно ја гушкам, константно ја бакнувам и многу се грижам за неа, рече Мори кој тврди дека денот кога ја сретнал Бети бил насреќен во неговиот живот.
Бети и Мори се запознале во 1938 година во Њујорк. Тие велат дека најчудна работа која им се случила е тоа кога гледале како децата им стануваат пензионери.
- Ова е многу ретко, свесни сме за тоа. Но, многу сме среќни. И најдобро што можеме да ви посакаме е нашата среќа, рече Мори.
Ново на Сител
-

Ристески: Се стабилизира пазарот на јајца, цените намалени
-

Си: Борбата со корупцијата е битка која Кина не смее да дозволи да се изгуби
-

Утре се празнува Стара Нова година и Василица
-

Уапсено лицето кое скрши стакло на бугарската амбасада во Скопје
-

Алиу: Бизнисите нема да се затворат, бидејќи со законот за заштита од пушењето не се забранува пушење цигари
-

Здравствените работници ќе може бесплатно да се вакцинираат против хепатитис Б
-

На сопственикот на опожарениот бар во Кран Монтана му е одреден тримесечен притвор
-

Анима Мунди: Kучиња со ушни маркици од Албанија донесени во Скопје
