За четири месеци затворени 20 угостителски објекти во Скопје и Тетово
Државниот пазарен инспекторат досега има извршено 1.280 инспекциски надзори и вкупно се затворени 20 угостителски објекти, од моментот на носење на одлуката за задолжително поседување на сертификати во угостителските објекти, изјави на денеска на прес-конференција во Влада директорката на Државниот пазарен инспекторат Анета Симеска Димоска.
Затворањето, посочи Симеска-Димоска, е врз основа на тоа дека дел од гостите не поседувале сертификати или пак поради констатирано поголемо присуство на лица во објектот од дозволеното или за непочитување на протоколите за одржување дистанца.
– По месеци. Во август затворени се четири угостителски објекти, од кои два во Скопје и два во Тетово. Во септември затворени се четири угостителски објекти, два во Скопје, еден во Гостивар и еден во Тетово. Во октомври месец затворен е еден угостителски објект и издадени се 15 решенија по основ на Законот за заштита на населението од заразни болести, изјави директорката на Државниот пазарен инспекторат Симеска Димоска.
Во ноември, посочи Симеска Димоска, досега се контролирани 173 субјекти и затворени се девет угостителски објекти, од кои еден во Гостивар, два во Скопје, четири во Кичево и еден во Тетово.
Прашана зошто никој не казнува за влез во објекти без сертификат или со лажни сертификати, Симеска Димоска, нагласи дека секаде каде што се затекнати лица без сертификати биле предземени мерки, како и дека Државниот пазарен инспекторат нема единствена надлежност за постапување по ковид протоколите.
– Ние немаме надлежност да ги контролираме лицата кои што влегуваат во угостителските објекти, околу тоа дали поседуваат или не сертификат и дали сертификатот е валиден. Надлежноста ја имаат редарите на угостителските објекти или вработен во угостителскиот објект. Апелирам до сите кои ја имаат таа надлежност да ја користат апликацијата за потврда на сертификатот од Министерството за здравство, затоа што при нашата контрола во угостителскиот објект, доколку се потврди дека лицата немаат сертификат одговорноста е на угостителот, изјави Симеска Димоска.
Во однос на лажните сертификати, Симеска Димоска, рече дека утврдувањето е од страна на Министерството за внатрешни работи и постапката околу тоа ја води МВР.
Како Државен пазарен инспекторат, Симеска Димоска нагласи, дека до овој момент имаат изречено глоба кон правни лица во износ од шест милиони денари и над 1,5 милион денари глоба кон одговорните лица во правните лица.
Ново на Сител
-

Димитровски: Бугарите ќе станат дел од Уставот во оној момент кога од другата страна ќе видиме подадена рака по неколку основи
-

ЈСП Скопје: Претстојниов продолжен викенд автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред
-

Се санираат штетите во штипското училилиште „Ванчо Прќе“, редовната настава продолжува во понеделник
-

51-годишен велешанец допирал по тело малолетничка
-

Мицкоски: Брисел деновиве ќе соопшти дека од последни во регионот, сега сме рамо до рамо со Црна Гора
-

Зеленски бара објаснување за рускиот предлог за прекин на огнот
-

Доделени годишните новинарски награди на СЕММ, посебно признание и за Сител
-

Иран веројатно нема да направи значајни отстапки кон САД во следниот предлог
