За да си замине порано од работа Кичевец пријавил бомба во РЕК „Осломеј“

Четириесет и четиригодишен жител на Кичево бил лишен од слобода откако лажно пријавил дека во РЕК „Осломеј“ има поставена бомба, со цел да си замине порано од работа.
Според информациите од полицијата, на 5 март 2026 година околу 02:25 часот, Р.Б., кој е вработен во РЕК „Осломеј“, испратил порака до својот претпоставен во која навел дека има сознанија за поставена бомба во еден од одделите на електраната.
По пријавата, полициски службеници извршиле проверки заедно со обезбедувањето на објектот, при што било утврдено дека станува збор за лажна дојава и дека во објектот нема експлозивна направа.
По преземените мерки, полицијата го пронашла Р.Б. во викенд-куќа во кичевското село Осломеј и го лишила од слобода. Тој признал дека пријавата била измислена и дека ја направил за да може порано да си замине од работното место.
Лицето е задржано во Полициската станица во Кичево, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Во име на Владата имавме чест да организираме ифтарска вечера, момент на заедништво, почит и духовна поврзаност
-

Новиот Ирански врховен лидер, Моџтаба Хамнеи, вети одмазда за жртвите од војната
-

Три малолетни девојчиња нападнати од четири женски лица во Аеродром
-

Општина Струга не може да го продаде „аудито“ на Мерко од 67.000 евра поради стар долг
-

Малолетници нападнале 15-годишник во Скопје, еден од нив пукал со пиштол кон него
-

МНРиНТ: Досега реализирани четири летови за евакуација на граѓани од Блискиот Исток, превезени вкупно 458 патници
-

Семејството ја пријавило за исчезната, познат идентитетот на пронајдената жена во Вардар
-

15-годишен чирак со остар предмет го нападнал синот на газдата на берберница во Арачиново
