За Изборниот законик не зависи се од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, порача Заев

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека на пролет ќе има разговори за Изборниот законик, но дека не зависи се само од СДСМ или од ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи земјава е демократска и треба да се ислушаат предлозите на сите.
Заев смета дека разговорите треба да бидат со физичко присуство, а не онлајн. Тој се надева дека во март тоа ќе биде можно и препорачливо и добро е да има дијалог со опозицијата.
– Тоа е предлогот на Владата и составен дел на владината програма. Но, престојат на пролет разговори. Изборен законик, тука е и власта и опозицијата и сите. Опозицијата побара јавно, а и во Парламентот во разговорите што ги прават пратениците да се разгледа моделот за избор на градоначалник во прв круг. Тогаш би биле флексибилни да разгледуваат отворени листи, една изборна единица или слично За нас е се вредно. Ќе разговараме, ама не зависи се само од СДСМ, дури не зависи се само од СДСМ и од ВМРО. Прво, зависи и од ДУИ и од Алијанса, од Беса, од Алтернатива, ама и од помалку бројните етнички партии. Ова е демократија. Мора да бидат сите опфатени, истакна Заев по отворањето на новата Канцеларија на Државниот пазарен инспекторат во Тетово.
СДСМ, додаде тој, на секој предлог гледа позитивно. Сака да го прифати, да го разгледа и да види прво дали ги гарантира демократските права, граѓаните да изберат градоначалник со достоинствен процент на гласачи.
– Вториот дел, дали е лесно спроведливо и трето, секако дали е прифатливо за сите. Разговараме на тие теми и верувам дека ќе најдеме модели. За мене состаноците треба да се движат на ваквите средби и со физичко присуство. Онлајн договори не биваат за вакви работи. Белким март ќе биде можно да седиме со физичко присуство работејќи на Изборниот законик и на многу други законски решенија за кои е препорачливо и добро да има дијалог со опозицијата, односно државата досега сама не менувала власта Изборен законик. Тоа секогаш се правело во договор со опозицијата, мислам и на македонска и на албанска и на помалку бројните етнички заедници власт или опозиција, рече Заев.
Ново на Сител
-

Предложен притвор за лицето што вчера намерно ги опожари возилата на Бугарската амбасада во Скопје
-

Ангелов: Претпоставувам пожарите кај Штип се подметнати, МВР истражува
-

Кремљ: Во последниот разговор со Трамп, Путин не разговарал за средба со Зеленски
-

Граѓаните одлучуваат дали ќе даруваат орган или не, има можност и да се промени одлуката во секое време - усвоени измени во Законот
-

Трамп: Израел мора да биде „поодговорен“ во однос на војната во Либан
-

Сиљановска-Давкова: Западен Балкан е понапред од Украина и Молдавија, позитивен е обидот за ограничување на вето во ЕУ
-

ЦУК: До 18 часот евидентирани 14 пожари на отворено од кои активни се пет
-

Приведени 15 возачи за безобѕирно управување возило, сите возеле без возачка и меѓу нив тројца малолетници
