За јавни зелени површини и регулации во Крива Паланка 1,3 милиони денари
Oпштина Крива Паланка од годинашниот буџет ќе издвои 1,3 милиони денари за одржување и уредување на јавни зелени површини и речни регулациски корита. Од вкупно предвидените средства за Програмата за одржување јавни зелени површини во град Крива Паланка ќе бидат потрошени 765.000 денари.
За одржување јавно зеленило, косење и собирање трева, обнова, одржување на дрвјата, одржување и кроење украсни грмушки, сезонско и трајно цвеќе, фитосанитетска заштита на растенијата, депонирање на собраниот отпад и останати задачи се планира да бидат потрошени 720.000 денари. Вкупно 45.000 денари од оваа програма ќе се издвојат за посебна активност, сечење и отстранување дрва од јавни површини по решенија донесени од комунален инспектор.
За одржување речни регулациски корита, зелени површини во рамки на регулациите на Крива и Дурачка Река наменети се околу 575.000 денари. Во овој сегмент се вклучени собирање отпад, вадење врби и дрвенеста вегетација, рачно и машинско косење трева и нејзином собирање, што ќе се реализира на вкупна површина од 97.500 метри квадратни.
Програмата ќе ја извршува Јавното комунално претпријатие „Комуналец“, Крива Паланка, а контрола и надзор ќе врши Одделението за инспекција, преку комуналната инспекција, утврдувајќи ги квантитетот и квалитетот на извршените услуги.
Ново на Сител
-
Осум осомничени за престрелката во Чаир, полицијата се уште по три лица
-
Анчелоти ќе го финализира договорот доколку Реал Мадрид ја освои Ла Лига или Лигата на шампионите
-
27-годишен излета со мотоцикл на патот кон Табановце, тешко е повреден
-
Инспекторите во Струмица вчера казнија три лица за согорување отпад од електрични кабли
-
Пожар избувна во хотел во Лондон, евакуирани 100 луѓе
-
Зеленски: Дојде време да се формираат „европски вооружени сили“
-
На граничниот премин „Блаце“ уапсен Косовец - го барале од Интерпол
-
51-годишен маж тешко повреден откако со возило излетал надвор од пат