За македонскиот јазик и идентитет не може да се разговора, порача Заев на средбата со Фон дер Лајен
Македонскиот јазик и македонскиот идентитет наметнати како прашања од Бугарија воопшто не смее да бидат тема на разговорите и ангажманот на Брисел, а Македонија единствено така ќе продолжи да разговара за нејзината европска иднина, нагласи премиерот Зоран Заев на денешната средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, соопшти владината прес-служба.
– Македонскиот идентитет освен што е прашање на гордост, тоа е и прашање на факти, наука, традиција и национално обележје на нашиот народ. Тој не е и нема да биде предмет на преговори. Европските вредности се водилка за нас, но заштита на идентитетот исто така е европска вредност, порача Заев.
Заев додаде дека Македонија ги спроведе сите реформи, дека нивната имплементација е предмет на неколку процеси за примена на европските стандарди дома и дека се исполнети сите критериуми на ЕУ за отворање на процесот за членство.
На средбата, на која присуствуваа и заменик-претседателот во Владата за европски прашања Никола Димитров, министерот за надворешни работи Бујар Османи, премиерот Заев упати порака до претседателката Фон дер Лајен уште поактивно вклучување на ЕК во изнаоѓање решение за деблокада на процесот за почеток на преговорите на ЕУ со Македонија.
Урсула фон дер Лајен потврди дека ЕК ќе се вклучи уште повеќе со суштински и посветен ангажман бидејќи, како што рече, ова е многу важен процес кој не смее да го одложи стартот на преговорите со Македонија за членство во ЕУ, и дека таа се залага за двете земји, Македонија и Албанија, заедно да ги продолжат преговорите без натамошно одлагање
Ново на Сител
-
За 51% помалку пари за чист воздух во Буџетот - Мицкоски ги остава граѓаните да се гушат
-
Опозициски пратеници и советници ја блокираа зградата на судот во Нови Сад
-
Јаневска: Наредната година 30 милиони евра за студентски стандард, ќе се решат лошите услови во Студентскиот дом „Пелагонија“
-
Старец загина во пожар во неговата куќа во Желино
-
Пронајдени 3.622 монети со археолошка вредност кај 32 годишен Албанец на Табановце
-
Индијана потпиша со Мозес Браун
-
Португалија ремизираше со Хрватска во Лигата на нации, Полска испадна во Б-сегментот
-
Лејкерс ќе подигне статуа во чест на Пет Рајли