За новиот предлог Заев прво ќе ги информира претседателот Иванов и лидерите на партиите
Владата ниту ја потврдува, ниту ја демантира информацијата што во текот на вчерашниот ден се појави во одредени медиуми дека најновиот македонски предлог за името во преговорите со Грција бил „Република Илинденска Македонија“.
„Како што изјави премиерот Зоран Заев во последната фаза од преговорите, од македонска страна се презентирани повеќе опции за можни решенија, а за една од нив потврдено е дека може да биде прифатлива и за двете страни“, денеска соопштија од Владата за МИА.
Ставот е речиси идентичен од искажаното од премиерот Заев на вчерашната прес конференција во Софија.
Владата, меѓутоа, за МИА соопшти дека „нема да следат натамошни коментари за темата, бидејќи за текот на преговорите прво треба да бидат информирани претседателот на државата, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и другите лидери, што ќе се случи во скоро време
Ново на Сител
-
Делумното затемнување на Сонцето видливо од поголемиот дел од Европа
-
На аеродромот во Вашингтон избегнат судир на патнички и воен авион
-
Бенон: Трамп може да оди во затвор доколку во Белата куќа влезе демократски претседател
-
Вардар славеше во Битола
-
Бројот на загинати во земјотресот во Мјанмар се искачи на 1.644, повредени се 3.408 луѓе
-
Ѓоковиќ: Многу сум благодарен што Меси дојде на мојот меч со семејството
-
Тешко повредена 21-годишна работничка во Кочани
-
Кралот Чарлс Трети упати сочувство до народот на Мјанмар поради жртвите во земјотресот