За новогодишната ноќ снег само на планините, во останатиот дел суво и температура до минус два
Новогодишната ноќ со врнежи од снег ќе биде само на повисоките места. Во пониските предели, според метеоролозите, ќе биде суво, а во западните делови ќе има услови за слаб дожд.
Од УХМР информираат дека за време на новогодишната ноќ во најголемиот дел од земјата ќе биде суво, освен во крајните западни делови каде што ќе биде пооблачно со услови за појава на слаб дожд и снег на повисоките места. Минималата темпратура ноќта меѓу 31 декември и 1 јануари на некои места ќе се спушти до минус два, а највисоката ќе биде до три степени. Првиот ден од новата година температурата ќе се движе меѓу 8 и 13 степени.
Од утре во следните денови ќе преовладува променливо облачно и релативно топло време со сончеви периоди повеќе на исток и со умерен до засилен јужен ветер, а во крајните западни делови со повремен дожд, на повисоките планини од снег.
Темпрарутите ќе бидат над нулата. Утре ќе се движи минималната од еден од седум, задутре од два до седум, четврток од 3 до осум. Под нулата паѓаат по нова година, односно на 1 јануари ќе биде од минус два до четири, сабота од минус три до четири и во недела од минус еден до шест.
Дневните температури целата недела ќе се движат меѓу пет и 16 степени.
Ново на Сител
-

МЗ: Забележано почетно намалување на бројот на новoпрегледани пациенти во Гостивар, активно се следи состојбата на терен
-

Бернам: На Велика Британија и треба нов политички и економски модел
-

Собранието ја донесе одлуката за продолжување на кризната состојба за нафта и нафтени деривати до 20 октомври
-

Безбедна е водата за пиење во Скопје
-

Комбе со српски туристи на пат кон Грција излета од патот кај Велес, возачот наводно заспал
-

3.100 затруени во Гостивар
-

СОЗР ги објави локациите во Гостивар каде ќе се дистрибуира вода за населението, денеска испорака на 76.000 литри
-

Резултатите за водата во Гостивар ќе бидат објавени кога ќе одобри Обвинителството
