-->
-->
За шест часа 145 казни за брзо возење на територијата на СВР Тетово
-->
Изречени се 145 санкции за брзо возење на територијата на СВР Тетово во тек на акциска контрола што ја спровела полицијата денеска од 14 до 20 часот.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, 104 санкции се изречени на територија на Тетово, а 41 на територија на Гостивар. Седумдесет и еден возач возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната, а 15 за дури над 70 километри на час над дозволената.
-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, истакнува МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Почина актерката Ленче Делова
-

ЦУК со вонредни информации за поплавите, се интевернира на критичните места
-

Мицкоски од Минхен: За Македонија членството во ЕУ не е милост, одамна е заслужено
-

УХМР: Најмногу дожд во Гевгелија, Штип и Попова Шапка
-

Идентификуван и уапсен сторител на разбојништво во Штип
-

Силекс од 1:0 до победа од 2:3 во Струга
-

ЦУК: Евакуирани 180 лица од поплавени куќи во Кичево, во Беловиште заглавени две деца со мајка
-

ЗОИ 2026: Атанасовска не ја заврши првата трка во велеслаломот, води Брињоне
