За три години во Албанија убиени 32 жени

– Во Албанија во последните три години, односно во периодот 2021/23 година убиени се 32 жени, при тоа 90 отсто од овие убиства се извршени од интимен партнер (27), додека остантите од член на семејството, стои во првиот извештај за убиства на жени и девојки и фемицид во Албанија за споменатиот период.
Извештајот, спроведен од Народниот правобранител, со поддршка од UN Women, покажува дека 24 од овие случаи се идентификувани како фемицид, кои, за разлика од обичните убиства, се дефинирани како убиства на жени или девојчиња поради нивниот пол.
Приближно 60 отсто од случаите на фемицид се случиле во домот на жртвата.
Народниот правобранител Еринда Баланца при презентацијата на извештајот подвлече дека „фемицидот е врв на низата насилства и дискриминација што жените ги доживуваат секојдневно“.
-Во Албанија оваа појава е социјален проблем кој бара силен и континуиран одговор од секоја институција и поединец. Треба да разбереме дека фемицидот не е само прашање на жртва.
Тоа е проблем кој не засега сите нас. Секоја жена која умира од насилство е неуспех на општеството, институциите и нашето образование за еднаквост и меѓусебно почитување.
Ова е прашање кое бара итна и координирана акција од сите, рече таа.
Меѓу главните препораки содржани овој извештај се „признавање на фемицидот како посебно кривично дело во Кривичниот законик на Албанија“, како и „зголемена координација помеѓу органите за спроведување на законот, социјалните служби и судскиот систем за да се обезбеди ефикасна заштита на жените во ризик“.
Извештајот открива дека 90 отсто од жртвите на фемицид претходно доживеале насилство од нивните сторители, нагласувајќи дека знаците за рано предупредување имаат тенденција да се појавуваат во различни форми на насилство и злоупотреба.
Ова ја нагласува критичната потреба за итна акција и силни одговори за заштита на жените и девојчињата.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Во име на Владата имавме чест да организираме ифтарска вечера, момент на заедништво, почит и духовна поврзаност
-

Новиот Ирански врховен лидер, Моџтаба Хамнеи, вети одмазда за жртвите од војната
-

Три малолетни девојчиња нападнати од четири женски лица во Аеродром
-

Општина Струга не може да го продаде „аудито“ на Мерко од 67.000 евра поради стар долг
-

Малолетници нападнале 15-годишник во Скопје, еден од нив пукал со пиштол кон него
-

МНРиНТ: Досега реализирани четири летови за евакуација на граѓани од Блискиот Исток, превезени вкупно 458 патници
-

Семејството ја пријавило за исчезната, познат идентитетот на пронајдената жена во Вардар
-

15-годишен чирак со остар предмет го нападнал синот на газдата на берберница во Арачиново
