За три месеци од училиштата во Кочани се отпишале ученици за една паралелка
Од почетокот на оваа учебна година до крајот на ноември од основните и средните училишта во општина Кочани се отпишале 20 ученици, за кои родителите навеле дека причината е иселување во странство.
Овој број е на слично ниво како за првото тримесечје минатата година, иако регистрирана е тенденција на зголемување на отпишаните ученици пред почетокот на учебната година, односно за време на летниот и зимскиот училишен распуст.
Според анализите на Одделението за јавни дејности на Општина Кочани, секоја учебна година стартува со околу трисетина ученици помалку со сите одделенија во општинските образовни институции. Иако училиштата не водат прецизна евиденција за причините за нивно отпишување, искуствата покажуваат дека најчесто тие своето образование го продолжуваат надвор од нашата држава.
-За првите три месеци од оваа учебна година најголем број отпишани ученици, по петмина, се регистрирани во средното училиште „Гошо Викентиев“ и во основното „Св. Кирил и Методиј“, а во другите основни и средни училишта има по двајца или еден отпишан ученик. Практично за неполно полугодие недостига цела една паралелка. Сите ученици како причина за напуштањето на образованието навеле дека заедно со семејствата се иселуваат во странство, истакна Голубина Георгиева од Одделението за јавни дејности.
Освен заминувањето во странство, во евиденцијата на кочанските училишта е забележано дека просечно годишно уште трисетина ученици се отпишуваат заради префрлање во образовни институции во други градови во Македонија.
Ново на Сител
-
МВР: Приведени 19 лица на фестивал во Дојран, кај нив била пронајдена дрога
-
Мицкоски: На господинот Филипче му посакувам успешна работа, да бидат конструктивна опозиција | ВИДЕО
-
Високи претставници на демократите во САД отфрлаат засега можност за замена на Бајден поради повиците тој да се откаже од трката за претседател
-
Пожарите во близина на Атина без активно жариште
-
Бобан Николовски ја презеде функцијата директор на Царинска управа
-
ЈП ПОЦ минатата недела со санкции за 203 непрописно паркирани возила
-
Светска банка: Северна Македонија треба да спроведе реформи за справување со заканите поврзани со климатските промени
-
Едно лице загина, а едно е повредено во пукање во село Батинци, полицијата трага по сторителите