За Заев вонредната состојба ефикасно ќе помогне во спречување на коронавирусот

Вонредната состојба има алатки на транспарентен начин, загарантиран со Устав, Владата до крај да ги искористи сите инсттрументи за пуспешно справување со безбедносно-здравсвената сотојба на населението и државата, а и да испорача сериозни мерки за стопанството, појасни претседателот на СДСМ Зоран Заев по средбата со лидерте на политичките партии кај преседателот Стево Пендаровски каде им укажал за потребата од прогласување на Вонредна состојба.
– Сите знаеме дека потенцијално жариште на корона вирисот може да биде и главниот град. Прогласувањето на кризна состојба значи целата територија на државава да стане Дебар. При вакви импликации со кризната состојба управува ЦУК и Дирекцијата за заштита и спасување. Секако тоа неможе да ги даде очекуваните ефекти од безбедносен и здравсрвен аспект, а тоа значи откривање пуштање во самоизолација, третман и лечење на сите заразени пациенти, истакна Заев.
Според него, со вонредна состојба ќе се ограничи движењето на граѓаните и ќе се спречи ширење на коронавирусот, додека со кризна сотојба тоа не е возможно. Заев појасни дека вонредната состојба ќе овозможи ребаланс на Буџетот доколку има потреба во Министерството за здравство, во ситуација кога не работи Парламентот.
Заев рече дека не е случајно што соседните земји, Србија, Косово, Албанија… прогласија вонредна состојба.
Ново на Сител
-

Зеленски: Американскиот документ за безбедносни гаранции за Украина е подготвен
-

СВР Битола поднесе кривична пријава за измама со лажна сообраќајна несреќа
-

Повеќе од 700.000 домови без струја поради снежно невреме во САД
-

Mалолетник со возило удрил во друго возило и пешак кој се бори за живот
-

ССМ со протест бара зголемување на работничките плати од најмалку 6.000 денари и минималец од 600 евра
-

Премиерот Рама и порача на албанската опозиција: Државата не потклекнува пред насилството и вандализмот
-

Ѓоковиќ без борба четвртфиналист на Австралија опен
-

Мицотакис: Европа мора да биде обединета, да ги брани меѓународното право и суверенитетот на земјите-членки
