За замена на нееколошки со печки на пелети во 2019 ќе бидат издвоени 400.000 евра
Министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки на денешната средба со новинарите информира дека од буџетот за 2018 година се реализирани 95 отсто.
Дел од средствата од буџет биле искористени за набавка на 350 филтри за подобрување на квалитетот на воздухот, кои се поделени во градинки и болници, потенцирајќи дека оваа активност ќе продолжи и во иднина ќе бидат набавени филтри и за останатите институции.
– Со помош на ИПА фондовите имаме средства за градба на една депонија за Северноисточниот и Источниот плански регион. Целата докоментација веќе е изработена, но проблемот е меѓу општините. Согласно проектот и документацијата, експертите предложија едно место каде што треба да се изгради депонијата, но проблемот е во градоначалниците на општините кои не сакаат депонијата да биде во нивната општина, објасни министерот.
Заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули наведе дека по предлог на премиерот, Владата ги задолжила сите институции кои можеле во месец декември, јануари и февруари да организираат по една акција што е поврзана со аеро-загадувањето и животната средина.
– Досегашниот модел што постои на пример за пелетите „прв дојден прв услужен“, мислиме дека не е фер пристап. Ќе направиме модел каде посиромашните ќе добиваат повеќе и до 100 отсто за замена со еколошкиот извор на греење, нагласи меѓу другото Макрадули.
Процесот на замена на печки кои користат нафта со еколошки средства им пречи на некои луѓе, вели тој, оценувајќи дека проектот не е само еколошки туку и економски. Најави дека за проектот во 2019 година ќе бидат издвоени дополнителни 400.000 евра.
Државната секретарка во МЖСПП, Ана Петровска појасни дека постои проблем со градоначалникот на Општина Свети Никола за изградба на депонија на неговата територија, а за изградба на депонии во Југозападниот и Вардарскиот регион е создаден проблем од страна на локалното население.
Ново на Сител
-
Владата донесе одлука со која цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април
-
Фитнесот почна како мода но полека стана здрава навика | Стефанија Бубало | Јанг стори | Sitel Podcast 032
-
ДИК донесе заклучок за конечност на резултатите од првиот круг на претседателските избори
-
Бискупот Стојанов упати Велигденска честитка до Архиепископот г.г. Стефан и верниците
-
Пронајдено тело на починат маж во Вардар во Велес
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување