Забележале дека нивната ќерка чудно се смее: Тогаш докторот им соопштил ужасна вест…

Една ноќ родителите на малата Меган Еванс забележале дека девојчето се смее различно од претходно. Тие одлучиле да ја однесат на доктор каде што било откриено дека “искривената” насмевка е последица на тумор во мозокот кој достигнал големина на мандарина.
7-годишното девојче имало 12 часовна операција во Кралската болница во Глазгов, а 4 месеци подоцна таа заздравува од операцијата. Нажалост имало последици: Меган може да гледа само 3% и мора да користи стап при одење.
“Почна да го учи Брајовото писмо. Претрпе многу и мора многу да се прилагодува. Многу сме горди на неа и на начинот на кој се помири со се” кажува нејзиниот татко Џејсон.
Таткото открива дека после операцијата девојчето неможело да зборува, а кога прозборела тоа било како бебе.
“За среќа повторно почна нормално да зборува” кажува таткото.
Родителите отвориле профил на Фејсбук за да соберат 5000 фунти за операција во Берлин. До сега собрале 30% од средствата. Во текстот кој го напишале во нејзино име, родителите соопишале што и се случувало и апелирале до корисниците да донираат пари:
“Др. Федеров и неговиот единствен тим од Центарот за обновување на видот применуваат метод за лечење со електрична стимулација која била успешна кај многу луѓе и помогнала да им се врати видот на 100%”
Ново на Сител
-

Хрватска државјанка осомничена за семејно насилство во Кавадарци
-

Со сослушување на сведоци продолжува судењето за „Пулс“
-

Исланд со осум голови разлика ѝ го нанесе првиот пораз на Шведска
-

Наполи убедливо поразен од Јувентус, Елмас одигра 70 минути
-

Србија европски првак во ватерполо
-

Хрватска ги задржа шансите за полуфинале со триумф над Швајцарија
-

Превозниците ќе ги блокираат граничните премини, бараат решение за престојот во шенген-зоната
-

Облачно со повремени врнежи од дожд

