-->
-->
Задолжително прочитајте доколку сте корисници на Viber
-->
Речиси секој паметен телефон има инсталирано Viber. Апликацијата која овозможува на корисниците да воспоставуваат бесплатни повици и испраќаат бесплатни пораки. За разлика од останатите VoIP даватели на услуги, како што е Skype, Viber не бара корисничка сметка и овозможува директен повик кон сите мобилни и фискни мрежи, каде што софтверот е инсталиран на двата уреди.
Viber е апликација изработена од компанијата Viber Media со седиште во Кипар и центри на развој во Белорусија и Израел. Оваа мобилна апликација е основана од израелско-американскиот бизнисмен Талмон Марко.
Талмон Марко е израелско-американски претприемач кој има работено за израелските воени сили а има диплома по компјутерски науки и менаџмент. Има креирано и развиено бесплатни апликации кои потенцијано би можеле да ги следат резговорите на клиентите како и нивните активности, како што е iMesha за кој се вели дека има тајно инсталирано шпионски софтвер на уредите на корисниците.
Во 2010 година го развива Viber со пријател кој работел исто така работел во израелските воени сили. Поради овие факти многумина веруваат дека нивните пораки се следени, а нивните повици се шпионирани.
Марко самиот вели дека многумина го обвинуваат дека развил шпионска мрежа, но тој тврди дека не зел ни долар од Израел и дека само развојниот центар е во таа земја.
-Никогаш не сме доволиле на никого пристап до разговорите и пораките на Viber. Саудиската влада се закани на три компании дека ќе ги исклучи доколку не дозволат мониторинг – на Viber, Skype и WhatsApp. Само една е исклучена (Viber), запрашајте се зошто не се и останатите.
Иста така уште едно прашање за политиката на приватност е што апликацијата чува копија од адресарот на секој корисник на сопствен сервер. Така да кога некој од вашите пријатели ќе ја превземе апликацијата, ќе добие и број на останатите кои ја немаат или не сакаат да ја превземат.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Минималец од 450 евра сега, во март ќе бараме повеќе
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ЦУК
-
Членови на Десна: Пиштолот секогаш беше близу рацете на Палчо
-
Палевски: Знаев дека ќе ме наместат
-
80 години од ослободувањето на Скопје – За да бидеме победници треба да сме обединети
-
Средба Сиљановска-Радев во Баку: Билатералните спорови да се решаваат во рамки на принципите и вредностите на ЕУ
-
За ДУИ Ахмети не се заканувал со тоа дека сите Албанци ќе бидат на нозе
-
Поднесени над 300 амандмани за буџетот, утре стартува собраниската дебата